Нликина потпиша едногодишен договор со Шарлот Хорнетс

Францускиот плејмејкер Френк Нликина ќе ја продолжи кариерата во Шарлот хорнетс, потврди информираниот новинар Адријан Војнаровски. 25-годишниот кошаркар во последните недели беше поврзуван со некои клубови од Евролигата, меѓу кои и АСВЕЛ и шампионот во АБА лигата, Партизан.

Нликина стигна во НБА со големи очекувања во 2017 година и беше избрана како осми пик во првата рунда на драфтот. Сепак, тој не успеа да ги оправда очекувањата. Од 2017 до 2021 година го носеше дресот на Њујорк никс, а во последните две сезони настапуваше за Далас маверикс.

Во претходната сезона тој настапи на 47 натпревари за тимот од Тексас и имаше просек од 2,9 поени на 13 минути по натпревар.

Со француската репрезентација освои сребрен медал на Олимписките игри во Токио, додека стигна до бронзата на Мундобаскетот во Кина во 2019 година.

Се вчитува...