Ноа Лајлс е „кралот на спринтот“ во Париз

Ноа Лајлс уште еднаш потврди зошто важи за најбрз човек на денешницата откако американскиот спринтер на светската титула се надоврза со освојување на олимписки златен медал по вечерашниот триумф на стадионот во Париз.

Американецот немаше најдобар старт, но во последните десетина метри успеа да ги остави зад себе ривалите и со време од 9,79 секунди стигна до златото.

Трката беше супердраматична, најдобар доказ за тоа е што сребрениот Кишејн Томпсон заостана само пет илјадитинки од секунда во однос на времето на победникот Лајлс.

Третото место му припадна на Фред Керли од САД, со две стотинки послабо време од најдобрите двајца во оваа историска трка.

Се вчитува...