Ноа Окафор не ги помина медицинските прегледи во Лајпциг

Ноа Окафор се враќа во Милан откако не ги помина медицинските прегледи во Лајпциг. Швајцарскиот напаѓач требаше да оди на позајмица до крајот на сезоната за еден милион евра со откупна клаузула од околу 25 милиони евра.

Клубовите генерално не објавуваат објаснувања зошто играчот паднал на тестовите, но се претпоставува дека неодамнешната повреда на мускулот, која го држеше надвор од терените во последните 20 дена, најверојатно е причина. Окафор се враќа во Милан, прашање е дали росонерите ќе можат да го позајмат некаде до крајот на сезоната бидејќи е вишок кај тренерот Сержо Консеисао.

Во летото 2023 година Милан го купи Окафор од Салцбург за 15,5 милиони евра, но поради повреди немаше преголема минутажа. На 52 натпревари постигна седум гола.

Се вчитува...