Ноемвриска трка низ Гевгелија

По многубројните учества на членовите на АК 7ми Ноември Гевгелија, на трки низ државата и странство, за прв пат истиот клуб ќе организира трка во Гевгелија под називот „November run Gevgelija 2021″. Истата ќе се одржи на Општинскиот празник 7-ми ноември (07.11.2021 година), со старт на центарот во Гевгелија и ќе се трча пет и десет километри. Учесниците на 10 километри ќе трчаат два круга.

Победниците на двете трки во машка и женска категорија ќе добијат пехари и подароци од спонзорите, а победниците на трката од 10 километри ќе добијат и парични награди во износ:

1. место 12 000 денари
2. место 9 000 денари
3. место 6 000 денари

Пријавите за трката се веќе отворени а котизациите изнесуваат:

Трка на 5км:

600 денари до 01.10.2021, 700 денари од 02.10.2021 до 15.10.2021,

700 денари од 16.10.2021 до 27.10.2021 (без маичка)

Трка на 10км:

700 денари до 01.10.2021, 800 денари од 02.10.2021 до 30.09.2021,

800 денари од 01.10.2021 до 27.10.2021 (без маичка)

Во стартните пакети сите учесниците добиваат: Стартен број со чип, Маичка, Станици за освежување на патеката и на целта, Pic&Go персонални фотографии, онлајн резултати, онлајн диплома, производи и ваучери од спонзори и медал за завршување на трката.

 

Учесниците можат да се регистрираат на: https://runnerspot.com/event/Gevgelija

Се вчитува...