Нојер денеска може да испише историја во Баерн Минхен

Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер, денеска може да испише клупска историја доколку настапи во натпреварот против Лајпциг во рамки на шестото коло во Бундеслигата.

Доколку се најде на теренот денеска против Лајпциг, Нојер ќе има 40 години и 204 дена и ќе стане најстариот фудбалер на Баерн кој настапил на натпревар во Бундеслигата.

Досегашниот рекорд го држи Бернд Дрехер кој во 2007 година на натпреварот против Мајнц имаше 40 години и 198 денови.

Засега не е сигурно дали Нојер ќе настапи против Лајпциг, тренерот на Баерн, Венсан Компани, на медиумите им откри дека голманот вчера не тренирал поради проблеми со стопалото, и одлуката за неговиот настап ќе зависи од здравствената состојба.

Доколку Нојер не настапи, тогаш натпреварот ќе го одбележи Хари Кејн кој ќе го одигра 100-от натпревар во Бундеслигата. Напаѓачот досега на 99 натпревари постигна неверојатни 101 гол.

Се вчитува...