Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер е суспендиран два натпревари во Купот на Германија, откако пред два дена доби црвен картон на мечот со Баер Леверкузен, кој неговиот тим го загуби, и така беше елиминиран од ова натпреварување.
Единицата на „Баварците“ со тоа суспензијата ќе ја одлежи дури следната сезона, иако може да се случи и никогаш да не ја одлежи, ако се случи да замине во пензија или во друг клуб надвор од Германија, со оглед дека договорот му истекува на крајот на сезоната.
Тоа беше прв црвен картон за голманот после 866 натпревари, откако во 17. минута надвор од казнетиот простор стартуваше над играчот на Баер Леверкузен, Џереми Фримпонг, кој прв дојде до топката. На крајот Леверкузен славеше со 1-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

