Мануел Нојер ги надмина проблемите со повредата и дефинитивно ќе може да му помогне на Баерн Минхен на дуелот од Лигата на шампионите против Реал Мадрид што ќе се игра в среда. Германскиот репрезентативец се жалеше на повреда во текот на минатиот месец, по што не настапи на последните средби на својот национален тим, а ги пропушти и претходните неколку натпревари на Баерн, вклучувајќи го тука и големото дерби со Борусија Дортмунд.
Карло Анчелоти секогаш потенцираше дека приоритет за баварскиот гигант е Нојер да биде оспособен за настап против Реал, а лекарскиот тим на Баерн добро си ја одработе задачата. Нојер утрово тренираше со полна пареа, по што веќе нема никакви дилеми дека одличниот голман ќе го чува Баерн од налетите на Бејл, Роналдо и Бензема.
Ова е добра вест за Анчелоти, откако стратегот на баварскиот гигант во текот на вчерашниот ден остана без помошта на својот најдобар дефанзивец, Матс Хумелс, кој ќе паузира најмалку 15 дена поради повреда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА