Нојер го чека пауза од еден месец

Капитенот на Баерн Минхен, Мануел Нојер би можел да ги пропушти следните четири натпревари за својот тим, по повредата добиена на мечот со Баер Леверкузен во Лигата на шампионите, кој неговиот тим го доби со 3-0.

Во вториот дел голманот се повреди по славење на гол на својот соиграч Џамал Мусиала, па мораше да биде заменет во 58. минута од средбата.

Иако од Баерн Минхен не прецизираа колку точно ќе паузира, се претпоставува дека за него играњето во месец март веќе не е возможно, и дека ќе се врати на почетокот на идниот месец. Ако се покажат прогнозите за точни, тогаш нема да брани на реваншот во Леверкузен, како и на првенствените натпревари против Бохум, Унион Берлин и Сент Паули.

Неговото место ќе го заземе резервниот голман Јонас Урбиг, кој дојде од Келн оваа зима.

Се вчитува...