Нојер повторно со поддршка до ЛГБТ заедницата – Голманот на Германија ќе носи капитенска лента со боите на виножитото

Легендарниот голман на германската фудбалска репрезентација, Мануел Нојер, на мечот од Европското првенство против Унгарија ќе настапи со капитенска лента во боите на виножитото, како поддршка до ЛГБТ – заедницата.

Триесет и петгодишниот голман со ваква лента играше и на натпреварите во групната фаза против Франција (0-1) и Португалија (4-2). Според „Зидојче цајтунг“, УЕФА ја испитуваше таквата постапка, но одреди дека со тоа немало повреда на прописите.

За потестување, по две кола од групната фаза, репрезентацијата на Германија освои три бода и се наоѓа на второто место во групата Ф.

Се вчитува...