Нојер прави „кам-бек“ во репрезентацијата на Германија!?

Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер би можел да се врати во националниот тим на Германија за Светското првенство 2026 година, доколку Германија се соочи со проблем околу голманската позиција.

Додека Тер Штеген е повреден, голманите во Германија се менуваат, па бранат Бауман или Нубел, но според информациите и двајцата не ги оправдале очекувањата од Нагелсман.

Се ќе биде во зависност од тоа како ќе се врати Тер Штеген од тешката повреда на коленото. Голманот на Барселона е на рехабилитација, и се чини дека оваа сезона за него е завршена, ќе се врати дури на почетокот на следната. Но, доколку не биде во посакувана форма, би можела Германија на помош да го повика Нојер да биде дел од Мундијалот во САД, Мексико и Канада, и таму да ја заврши репрезентативната кариера.

Нојер има 38 години, и се реши да стави крај на репрезентативната кариера после Европското првенство минатата година во Германија. По повлекувањето, од германската федерација му соопштиле дека вратата во националниот тим секогаш ќе биде отворена во случај да се премисли.

Се вчитува...