Нојер продолжи со Баерн Минхен, следниот е Мусиала

Легендарниот голман Мануел Нојер е блиску до обнова на договорот со Баерн Минхен а преговорите и со други играчи напредуваат, изјави во четвртокот членот на управата на клубот Макс Еберл.

Мануел Нојер, 38-годишниот голман кој во Баерн е од 2011 година има актуелен договор до крајот на актуелната сезона. Нојер моментално е во процес на рехабилитација откако ги скрши ребрата.

„Разговорите со Ману се одвиваат добро, ги разјаснуваме последните детали“, изјави Еберл во пресрет на последниот натпревар на Баерн во календарската година, кој во петок ќе го игра против РБ Лајпциг.

Ебрл изјави дека приоритет за клубот ќе биде да ги задржи постојните играчи, а пред се главните како Џамал Мусиала и Алфонсо Дејвис.

Се вчитува...