Нојер се израмни со големиот Франц Бекенбауер

Мануел Нојер полека станува жива легенда на Баерн Минхен, откако вчера против Лајпциг го запша 584-тиот натпревар за „Баварците“, и со тоа го достигна легендарниот Франц Бекенбауер по бројот на настапи за најтрофејниот германски тим.

Нојер сега се најде на петата позиција по бројот на настапи за Баерн, и достижно е и четвртото место кое го држи Герд Милер со 613 настапи. Прв на оваа листа е Томас Милер со 756 натпревари, потоа следува Сеп Маер со 709, додека на третото место е Оливер Кан со 632 меча за Баерн.

Се вчитува...