Голманот на Баерн Минхен Мануел Нојер им се извини на соиграчите и симпатизерите на клубот за поразот од Баер Леверкузен со 0:1 во 1/8-финалето на Купот на Германија. 38-годишниот чувар доби директен црвен картон за прекршок надвор од шеснаесетникот на Џереми Фримпонг во 17-та минута и го остави својот тим на „цедило“ во поголемиот дел од натпреварот.
По натпреварот, Нојер , кој беше исклучен за прв пат во својата славна кариера, рече:
„Црвениот картон го реши натпреварот. Нè повреди и се извинувам. Ова е дефинитивно големо разочарување. Не беше лесно по црвениот картон. Момците пробаа сè и вложија многу, не можеме да им замериме. Му се извинив на тимот. Не сакав да го повредам Фримпонг , се обидов да ја добијам топката, но не успеав да стигнам навреме. Се надевав дека ќе биде во позиција на офсајд. Не можам да го сменам сега. Тоа беше грешка и морам да ја прифатам, за жал немам друг избор“, рече голманот на Баерн Минхен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА