Баерн Минхен со доминантна победа на домашен терен над Баер Леверкузен од 3-0 широко си ја отвори вратата кон четвртфиналето од Лигата на Шампионите.
Дамка на триумфот остави единствено повредата на Мануел Нојер, и тоа максимално бизарна откако искусниот голман самиот се повреди трчајќи при прославата на вториот гол за баварскиот гигант и сега ќе мора да паузира извесно време.
„Точно е дека Ману се повреди при прославата на голот, но немам подетални информации, се чини дека е мускулот на ногата. Ќе чекаме да видиме колку ќе мора да паузира“, истакна тренерот Компани по натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

