Мануел Нојер ја промени својата одлука и е подготвен да се врати назад на голот на германската репрезентација, пишува весникот „Билд“ повикувајќи се на извори блиску до 39-годишниот чувар на мрежата.
Нојер ја заврши ерпрезентативната кариера со настапот на ЕВРО 2024 препуштајќи го местото прв голман на Марк Андре Тер Штеген. Сепак, ситуацијата се промени поради серијата повреди на Тер Штеген, кој сега ќе паузира неколку месеци по новата операција, а во меѓувреме и не се очекува да биде стандарден во Барселона поради војната со тренерот Флик и со управата на каталонскиот гигант.
Во една таква ситуација, Нојер е подготвен за камбек, се очекува во наредните десетина дена да има и разговор со селекторот Нагелсман на оваа тема, по што ветеранот веќе во септември би го имал репрезентативниот камбек.
Планот е Нојер да настапи за Германија на СП 2026, по што тогаш на 40-годишна возраст ќе се збогува не само од националниот тим, туку ќе ја заврши и својата неверојатна кариера..
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

