Баерн Минхен го победи тимот на Пафос со 1-5 на гостувањето на Кипар во второто коло во Лигата на шампионите. Сепак, кипарскиот тим постигна прекрасен гол преку Оршиќ со кој успеа само да намали.
По натпреварот, голманот на Баерн Минхен имаше вербална расправија со новинар, кој го праша дали можеше да се одбрани шутот на Оршиќ.
„Тоа беше невозможно да се одбрани. Дали сум реагирал подоцна? Вие сте биле ли голман? Топката првично отиде право, а потоа го смени правецот. Се движеше кон мене, но потоа ја смени траекторијата и отиде во аголот. Да игравте фудбал, ќе разберевте за што зборувам“, рече Нојер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

