Нојер се враќа на голот на Баерн за финалето на Купот

Баерн Минхен ќе добие големо засилување за финалниот меч од Купот на Германија. Мануел Нојер, репрезентативниот голман на „панцирите“ се враќа во натпреварувачки ритам по долга пауза поради повреда и ќе го заземе своето место меѓу диреците. Тој цели осум месеци се опоравуваше од повредата на стапалото, и сега конечно е подготвен за настап.

Баерн Минхен утре ќе ги одмери силите против Ајнтрахт Франкфурт во финалето на Купот на Германија, на Олимпискиот стадион во Берлин.

Мануел Нојер влезе и на списокот на селекторот Јоаким Лев за настап на Светското првенство во Русија.

 

Се вчитува...