Мануел Нојер по повеќе од 300 дена конечно се врати назад на голот на Баерн Минхен, но по само неколку минути игра на „Алијанц Арена“ против Дармштад фудбалерите на баварскиот гигант си ја искомпликуваа судбината.
Се почна токму од Нојер, кој во обид да изгради акција од својот шеснаесетник го проигра Кимих, кој не ја исконтролира топката, веднаш беше минат од директниот чувар, по што германскиот репрезентативец го повлече играчот на Дармштад на работ на шеснаесетникот, а судијата веднаш му покажа црвен картон.
Останува да се види како Баерн ќе се снајде со над 85 минута игра со фудбалер помалку на овој натпревар…
Големата грешка и заслужениот црвен картон на Кимих може да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

