Француската атлетичарка Алис Фино ги освои симпатиите на спортската јавност не само со одличниот настап на 3.000 метри степлчес, туку и со покажаната храброст – пред цел стадион да го запроси своето момче.
Таа постави нов европски рекорд во финалето на ОИ, но остана без медал освојувајќи го четвртото место, по што отиде пред делот од трибините каде се наоѓаа нејзините најблиски. Тогаш, Алис ги шокираше сите кога клекна и го запроси своето момче пред цел стадион.
Бруно Мартинез Баргиела, кој исто така е атлетичар, немаше друг избор освен да каже ДА, добивајќи овации од сите кои го забележаа овој неверојатен момент.
„Девет е мојот среќен број, пред трката си реков декаако истрчам под девет минути, ние сме заедно девет години, тогаш ќе го запросам. Не сакам да ги правам работите како другите луѓе… бидејќи тој уште не направи ништо, си реков дека јас треба да ја завршам таа работа“, изјави Фино.
French athlete came in fourth in the 3000m steeplechase, a European record, and asked for her boyfriend’s hand …pic.twitter.com/ofs9DocirE
— Figen (@TheFigen_) August 7, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА