Нокаут каков не се памети, и тоа на пет секунди пред крајот на борбата (ВИДЕО)

УФЦ борбата меѓу Игнасио Бахамондес и Рузвелт Робертс во Лас Вегас донесе нокаут каков не се памети во ова натпреварување, и тоа на само пет секунди пред крајот на борбата.

Уште низ целиот текот на мечот беше јасно дека Бахамондес ќе ја однесе победата. Но, додека публиката чекаше крај на мечот, пет секунди пред крајот Бахамондес со страшен нокаут го „среди“ својот противник.

Чилеанецот со совршен удар го испрати на подот Робертс и стигна до голема победа заработувајќи и 50.000 долари.

 

Се вчитува...