„Ноќна мора“ за Мане: Изолиран, игнориран, контактира со само еден соиграч во Баерн

Сенегалецот Садио Мане е комплетно изолиран во тимот на Баерн Минхен по инцидентот со Лирој Сане.

Мане во Баерн од Ливерпул дојде како апсолутна ѕвезда место Роберт Левандовски, но не ги оправда очекувањата на теренот на што влијаеа и здравствените проблеми. На сето тоа се надополни и срамното однесување во соблекувалната, и потоа и инцидентот со Сане поради кој доби сериозни казни од клубот.

Сето тоа сега го држи Мане изолиран од остатокот на тимот, а негов единствен соиграч со кој контактира во клубот е Боуна Сар, кој по доаѓањето од Франција исто така е бескорисен на терен за Баерн, а послужи само Мане полесно да се прилагоди на почетокот.

Мане сезонава има 35 настапи за Баерн, постигна 12 гола и запиша пет асистенции.

Се вчитува...