Ноќната трка која ќе се одржи во петок со почеток во 21 часот ќе означи почеток на третото издание на спортската манифестација Охрид трчаТ, која богата програма има на 1 и 2 јуни.
Стартот на Ноќната трка е во близина на фитнес зоната Амброзија, додека завршницата е на Кејот Македонија пред Домот на култура Григор Прличев. Трката е со рекреативен карактер и нема возрасни ограничувања и е отворена за сите кои сакат да трчаат, забавуваат и дружат.
Сите заинтересирани мора да дојдат половина час пред почетокот на трката и задолжително да понесат со себе позитивна енергија. После завршување на трката учесниците ќе уживаат во ладното пиво и „паста забава“ спонзорирана од Хотел Нова Ривиера и Бонанца која ќе биде зачинета со концерт во живо популарната група Броз, ди-џеј Ванчо Јованоски и Никола Тони Перкашн.
В сабота на 1 јуни пред Домот на култура Григор Прличев ќе се одвива експото и панел дискусијата на која ќе учествуваат директорите од полумаратоните во Дубровник, Мостар и Бања Лука. Главниот настан на кој ќе учествуваат рекорден број на натпреварувачи 1 585 ќе се одржи на 2 јуни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА