Синоќешната програма во НБА лигата покрај одиграните натпревари, ја одбележа и церемонијата посветена на Пау Гасол. Лос Анџелес Лејкерс на свој паркет го победија Мемфис Гризлис со 112-103, а легендарниот шпански кошаркар кој настапуваше за двата тима беше ѕвезда на вечерта пред почетокот на мечот.
Стартот на тој натпревар го означи легендарниот Шпанец. Гасол го одигра својот последен натпревар за Лос Анџелес Лејкерс во 2014 година, а сега неговиот дрес со број 16 е повлечен во „Крипто арената“ и повеќе нема да биде во употреба.
Гасол е во пензија од 2021 година и остави длабока трага во историјата на Лејкерс. Во нивниот дрес играше од 2008 до 2014 година.
Во НБА лигата пристигна во 2001 година и до 2008 година го носеше дресот на Гризлис за кои подоцна настапуваше и неговиот брат Марк.
Гасол одржа говор на церемонијата, во кој се потсети на периодот поминат со Лејкерс, во кој освои две шампионски титули во 2009 и 2010 година.
Тој беше шесткратен Ол-стар, и е 12. играч во историјата на клубот чиј дрес е повлечен од употреба.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

