Ноќта кога цела Аргентина плачеше – Лео Меси кажа збогум на репрезентацијата

Лионел Меси го одигра своето последно „аргентинско танго“ во репрезентативниот дрес, откако најдобриот фудбалер на сите времиња беше испратен во репрезентативна пензија онака како што доликува – со спектакл на „Монументал“ во Буенос Аирес.

Аргентина славеше со 3-0 над селекцијата на Бенин, но резултатот сеекако не беше во преден план на овој дуел.

Повеќе од 85.000 луѓе дојдоа да го видат последното „танго“ на великанот“, а емотивната ноќ заврши со солзи, на Меси на теренот, но и на сите Аргентинци, на трибините, крај ТВ-екраните….

Уште пред почетокот на мечот на центарот од теренот имаше огромен аргентински дрес со бројот 10 и порака „Грацијас“ (ти благодариме).

Во 10. минута судијата го прекина мечот за Лео уште еднаш да ги добие овациите од трибините, а секој негов потег беше поздравуван громогласно од присутните.

Како за крај, тој учествуваше во трите гола на Аргентина на овој меч, по неговите асистенции Отаменди погоди за 1-0, потоа и Нико Паз за 2-0, пред конечните 3-0 да ги постави токму тој, големиот Лео Меси, со гол ставајќи печат на својот последен меч во репрезентативната кариера.

А по дуелот, повторно овации, солзи, шоу со кое со дронови беше исцртан ликот на Лео во мракот над стадионот Монументал.

Ноќ што уште долго ќе се прераскажува. И ноќ по која аргентинскиот фудбал повеќе нема да биде ист.

Се вчитува...