„Ноле-експрес“ Србија израмни против Казахстан

Првиот рекет на светот, Новак Ѓоковиќ славеше над Александер Бублик со 2-0, по сетови 6-3 и 6-4 и со тоа и донесе израмнување на Србија против Казахстан (1-1) во четвртфиналето од годинашното издание на Дејвис купот.

На Србинот и во двата сета му беше доволен по еден брејк за сигурен триумф. Претходно, во првиот меч по тешка битка, Кукушкин славеше над Кецмановиќ со 2-1 (7-6, 4-6 и 7-6). Во одлучувачкиот меч во двојки комбинацијата Ѓоковиќ/Чачиќ ќе се сретне со Голубев и Нидовјесов.

Се вчитува...