Тенискиот рекет број еден, Новак Ѓоковиќ кратката авантура во Соединетите американски држави ја заврши со кошаркарски натпревар помеѓу Лос Анџелес Лејкерс и Голден Стејт Вориорс по кој размени и подароци со најдобриот „шутер“ на сите времиња Стеф Кари.
На социјалните мрежи се појави снимка од ходниците на „Крипто“ арената како во одело изведува кошаркарски дриблинзи со двете раце, снимка која брзо стана вирална.
👀
Mr. COOL @DjokerNole 🏀🤩 pic.twitter.com/vdDQ94v8ru
— TRAVEL&Sp🎾rts (@travel__Sports) March 17, 2024
Тоа не е прв пат Србинот да го покажува својот кошаркарски талент. Неодамна на Австралија Опен покажа и дека може да забива.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

