Новак Ѓоковиќ на 38-годишна возраст не размислува за крај на пребогатата кариера во која освои се што можеше да се освои и постави бројни рекорди кои со децении нема да бидат надминати.
Како што вели самиот тој, се уште има инспирација, но и инат да ги предизвика сопствените граници.
„Постигнав се што сакав во тенисот, но сакам уште. Тоа доаѓа од желбата, инспорацијата, мотивацијата, љубовта и страста за спортот, поради желбата да ги правите луѓето среќни кога играте тенис. Јас чувствувам дека ширам светлост кога играм тенис, инспирирам нови генерации. Но мојата желба да продолжам со работа доаѓа и од чувството дека не сум постигнат доволно. Доаѓа од моето потекло, од мојот однос со татко ми. Тоа е внатребна битка која редовно ја имам со самиот себе“, вели Ѓоковиќ.
„Чувствувам дека се уште имам можност да се натпреварувам за најголемите титули во овој спорт и тоа ќе го правам. Другата работа која ме инспирира да продолжам е желбата да ги предизвикам своите лимити и ментално и физички. Бидејќи кога ќе дојдете до 30 години во тенисот почнувате да ги броите деновите кои ви преостануваат до пензија. Но, сега е друго бидејќи грижата за телото многу напредна“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

