Шпанскиот интернационалец Нолито ќе го напушти англискиот премиерлигаш Манчестер сити ова лето и ќе се врати во Шпанија. Тој речиси воопшто не доби шанса за настап од менаџерот Пеп Гвардиола во вториот дел од сезоната, а веќе води преговори за враќање во татковината. Неговиот агент Рафаел Кото, според британските медиуми, отпочнал преговори со шпанскиот прволигаш Атлетико Мадрид.
Тренерот Диего Симеоне сигурно би сакал да добие еден искусен фудбалер како Нолито во својот тим, а се очекува тој да не бара преголема плата, со оглед на неговата актуелна позиција во редовите на „граѓаните“. Покрај Атлетико Мадрид, за услугите на Нолито се интересира и Бетис.
Манчестер сити објави дека од клубот покрај Забалета, ќе си заминат и Гаел Клиши, Бакари Сања, Хесус Навас, како и голманот Вили Кабалјеро.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА