Норис: Да не ми беше Ферстапен ривал ќе ја освоев титулата

Макс Ферстапен ја продолжи доминацијата во Формула 1. На Големата награда на Лас Вегас ја осигура четвртата последователна титула на најбрзиот шампионат на светот.

Единствен ривал кој го имаше Ферстапен беше Ландо Норис, возачот на Мекларен зад кој е успешен втор дел од сезоната. Првиот помина во целосна доминација на холандскиот возач на Ред Бул па преголемата бодовна разлика на табелата беше недостижна. За тоа говореше и самиот Британец.

„Никој никогаш се нема вратено од толку голем минус. Никогаш. Реално е разликата меѓу Ред Бул и Мекларен да биде поголема во нивна корист, нешто што подоцна беше наша предност. И Ферстапен да беше во болидот на Мекларен немаше да ја достигне негативата“, изјави Норис кој уште еднаш покажа колку го цени Ферстапен.

„Да ми беше ривал било кој друг или да бидам попрецизен, тоа да не беше Макс моите шанси да ја освојам титулата ќе биде многу поголеми“.

Формула 1 шампионатот продолжува во Катар престојниот викенд.

Се вчитува...