Ландо Норис ја освои пол-позицијата на трката за големата награда на Бразил на патеката Интерлагос. Британецот беше најдобар, но и најсреќен бидејќи неговата грешка во првите квалификации не го чинеше многу како грешките на неговите ривали.
Од второто место ќе стартува Џорџ Расел, додека од вториот ред ќе тргнат Јуки Цунода и Естебан Окон. Нова катастрофа се случи за Макс Ферстапен и Ред Бул. Откако во к2 Ферстапен возеше за брз круг, Ленс Строл заврши во заштитната ограда по што квалификациите беа прекинати, а Ферстапен остана на 12. место, по што не влезе во последните квалификации. Поради казната од пет места Холанѓанецот трката ќе ја почне од 17. место. Лоши квалификации имаше и Луис Хамилтон кој само поради казната на Ферстапен ќе стартува од 15. место.
Трката е со почеток во 16.30 часот по македонско време.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА