Норис до пол-позиција за спринтот во Бразил

Ландо Норис уште еднаш потврди дека се наоѓа во топ-форма, стигнувајќи до пол-позицијата за утрешната спринт трка што ќе се вози на патеката во Сао Пауло во Бразил.

Норис извозе маестрален круг, стигнувајќи до првата позиција со време од 0,097 секунди побрзо од она на Кими Антонели во Мерцедес кој ја освои втората позиција. Главниот ривал на Норис за титулата, тимскиот колега Оскар Пијастри, ќе го стартува утрешниот спринт од третата позиција.

Ландо Норис со серијата одличи трки и последната победа во Мексико се искачи на врвот во генералниот пласман, со само еден бод предност во однос на Пијастри.

Се вчитува...