Ландо Норис стигна до пол-позицијата на трката за големата награда на Австрија која се вози на Ред Бул ринг.
Возачот на Мекларен до пол-позицијата стигна пред Шарл Леклер во Ферари. Од вториот стартен ред ќе стартуваат Оскар Пјастри и Луис Хамилтон.
Од третиот ред ќе тргнат Џорџ Расел и Лијам Лосон. Макс Ферстапен ќе стартува како седми бидејќи неговиот брз круг беше прекинат поради истакнати жолти знамиња поради грешката на Пјер Гасли.
Трката за големата награда на Австрија е закажана за утре со почеток во 15 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

