Ландо Норис е новиот шампион во Формула 1 откако австралискиот возач го освои третото место на денешната последна трка во Абу Даби, што му беше сосема доволно за да ја задржи предноста во генералниот пласман во однос на Макс Ферстапен.
Возачот на Мекларен влезе во трката свесен дека едно од првите три места ќе му ја донесат титулата, па извозе рутински, го контролираше третото место и не дозволи ништо да го запре на патот до исполнување на големиот сон.
Макс Ферстапен извозе уште една беспрекорна трка, сега веќе екс-шампионот од почеток до крај беше на чело на колоната, но и тоа беше недоволно да се надополнат оние „минус 12 бода“ во однос на Норис (ја заврши сезоната само со „минус два“), што значеше и прекин на четиригодишната доминација на асот на Ред Бул во Формула 1.
Второто место на денешната трка го освои Пијастри, кој со овој резултат остана на третото место во генералниот пласман.
Зад Норис денешната трка на четвртото место ја заврши Леклер, по кого следеа Расел, Алонсо, Окон, Хамилтон…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

