Норис го нападна Ферстапен: „Ја уништи трката, не вози многу паметно!“

Возачот на Мекларен, Ландо Норис го обвини Макс Ферстапен дека сам ја уништил трката на Големата награда во Мајами, тврдејќи дека „не возел паметно“ за време на нивниот меѓусебен дуел на патеката.

Норис ја помина целта на второто место, откако се опорави од лошиот старт во кој падна од второто на шестото место. Токму во првата кривина тој дојде во контакт со Ферстапен, кога Британецот се обиде да го преземе водството од актуелниот шампион.

Норис се пожали дека Ферстапен го турнал надвор од патеката, но судиите проценија дека инцидентот не заслужува казна. Како што трката продолжуваше, двајцата повторно се сретнаа на патеката. На крајот, тој заврши зад клупскиот колега Оскар Пјастри, кој однесе уште една победа за Мекларен.

На официјалната прес-конференција на ФИА по трката, Норис не размислуваше многу околу своите коментари.

„Во ред е, тој се бори напорно, но тоа е негов избор. Тој си ја уништи трката. Не возеше многу паметно. Тој и јас можевме да завршиме на првите две позиции, но не го сторивме тоа поради него. Секако дека се бори, тоа секогаш се очекува, но вистината е дека не вози паметно“.

Се вчитува...