Норис го покори Бразил, дебакл на Ферери – Антонели и Верстапен на подиумот (ВИДЕО)

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, е победник на Големата награда на Бразил, 21-та трка од годинашниот шампионат во Формула 1.

Норис доминираше за победа, направи сè во Бразил, имајќи викенд од соништата за себе. Најпрво победи во спринтот, а потоа се искачи на врвот на подиумот на главната трка.

Второто место го освои Андреа Кими Антонели, 10 секунди зад победникот.

Макс Верстапен можеше да стигне до второто место, но возачот на Мерцедес успешно се одбрани од актуелниот шампион во последните кругови. Возачот на Ред Бул го освои третото место, иако имаше многу лоша стартна позиција, како и лоша среќа бидејќи имаше дупната гума.

Се вчитува...