Норис лут на Ферстапен: Ако не се извини нема да го има веќе моето почитување

Ландо Норис беше видно разочаран по завршената трка во Австрија на која доживеа инцидент на патеката со Макс Ферстапен. Британскиот возач се бореше за победа со актуелниот шампион, но во 64. круг Ферстапен и Норис се судрија, по што на двајцата возачи им се уништија пневматиците.

По инцидентот, Норис беше крајно незадоволен, но и лут на холандскиот возач. Пријатели се надвор од патеката, но овој инцидент, според Норис, може да промени многу работи:

„Зависи што ќе каже. Ако каже дека не направил ништо лошо, ќе изгубам голема почит кон него. Ако прифати дека бил глупав и налетал на мене, тогаш ќе изгубам само малку почит“, изјави Норис. 

Се вчитува...