Норис најбрз на спринт трката во Мајами

Ландо Норис е победник на спринт трката како дел од големата награда на Мајами во Формула 1 шампионатот.

Норис до победата во спринтот стигна пред клупскиот колега Оскар Пјастри. Подиумот го надополни Луис Хамилтон. Во топ 10 се најдоа уште и: Албон, Расел, Строл, Лосон, Берман, Цунода и Антонели.

Нова голема глупост направи Шарл Лелкер кој не ни стартуваше во спринт трката, бидејќи пред нејзиниот почеток го удри болидот кој беше уништен и немаше време да се подготви.

Ферстапен доби казна со десет секунди поради новата грешка во пит-стопот на Ред Бул, откако пред време го пуштија актуелниот шампион кој имаше судар со Кими Антонели.

Се вчитува...