Возачот на Мекларен Ландо Норис победи на денешната трка за Големата награда на Холандија. За него оваа победа беше втора сезонава по етапата во Мајами и втора воопшто во кариерата во Формула 1.
Британецот стартуваше од првата позиција, но веднаш по првиот круг го загуби водството. Успеа во 18. круг да ја врати предноста, откако го мина Макс Ферстапен од Ред Бул.
Ферстапен заврши втор со заостанување од 22.896 секунди. На третото место заврши Шарл Леклер од Ферари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА