Норис најдобар на „Силверстоун“, грешка на Пијастри, фијаско на Ферстапен

Ландо Норис излезе како победник од драматичната трка што се возеше денеска на патеката „Силверстоун“, во која  возачот на Мерцедес се снајде најдобро на честите промени на патеката и дождот кој им создаваше многу проблеми на возачите.

Ферстапен тргна од пол-поцизијата и успеа да го издржи првиот напад на Оскар Пијастри, но актуелниот светски првак неколку круга подоцна немаше одговор за лидерот во генералниот пласман, па Пијастри излезе на чело на колоната. Дождот почна да паѓа и дојде до мал хаос, од кој најдебелиот крај го извлече токму Ферстапен. Асот на Ред Бул беше второпласиран во 21. круг, кога загуби контрола над болидот, за момент излезе од патеката и се врати како десеттопласиран.

Во истиот период голема грешка направи и лидерот Пијастри, кој беше казнет со 10 секунди за прекршување на правилата. Во една таква ситуација, на Норис му беше доволно да остане второпласиран со заостанување помало од десет секунди, за на крајот да стигне до посакуваниот триумф на оваа домашна патека. Пијастри на крајот го освои второто место, а причина за славје имаше и Нико Хулкенберг кој извозе извонредна трка за свој прв подиум во кариерата, иако на стартот беше дури на 19. позиција.

Луис Хамилтон на крајот мораше да се задоволи само со четвртото место, додека Ферстапен престигна неколку ривали и ја заврши трката како петтопласиран.

Се вчитува...