Норис: Очекувам голем хаос сезонава во Ф1

Актуелниот светски шампион во Формула 1, Ландо Норис изјави дека очекува „многу повеќе тркачки хаос“ оваа сезона поради најголемите промени во правилата во историјата на шампионатот.

Формула 1 влегува во нова ера со целосно изменети правила – новите мотори, шасија, гориво и гуми, а управувањето со енергијата на батериите ќе има централна улога.

Хибридните системи сега обезбедуваат значително поголем дел од вкупната моќност на моторот.

„Ќе видите поголем хаос на трките, каде што возачот треба да биде многу посвесен за сите различни ситуации кои можат да се случат. Тоа ќе се случува во текот на целата година. Има поголем акцент на способноста на возачот да ги контролира сите тие фактори“, изјави Норис. 

Се вчитува...