Норис по дисквалификацијата во Лас Вегас: Фрустрирачки…

Ландо Норис загуби презначајни бодови во битката за шампионскиот трофеј во Формула 1 шампионатот откако двата болида на Мекларен беа дисквалификувани од Големата награда на Лас Вегас, трка на која Британецот ја освои втората позиција со што значајно ја зголеми предноста пред Макс Ферстапен.

Норис сепак не освојува бодови па разликата се намали на само 17 бодови на две трки до крајот на сезоната. Британецот не ја криеше фрустрацијата од епилогот на трката, но додаде дека тоа е веќе зад Мекларен и целиот фокус е ставен на Катар.

„Фрустрирачки крај на денот. Моравме пред самиот крај на трката да решаваме некои проблеми за кои сега знаеме дека се последица на проблемите на болидот, а на крајот се заврши со дисквалификација. Навистина е фрустрирачки кога ќе загубиш толку многу бодови. Како тим, секогаш се трудиме да дадеме максимум, а денеска за тоа не добивме адекватна награда. Сега ништо не може да го промени тоа што се случи па мораме само да се фокусираме на Катар и да бидеме најдобри на крајот на сезоната“, изјави Норис.

Се вчитува...