Ландо Норис по победата на „Ред Бул Ринг“ во Австрија со која се доближи на само 15 бодови зад клупскиот колега Оскар Пијастри во генералниот пласман имаше интересна изјава.
Британскиот возач вели дека едвај чека да дојде следниот викенд и Големата награда на Велика Британија каде ќе има шанса пред своите навивачи да стигне до нов триумф.
„Тоа е најдобриот тркачки викенд по мое мислење. Нормално е дека таму сакам да победам повеќе отколку на било кое друго место, но тоа ништо ме менува. Најверојатно таму имам и мала пречка на позитивен начин, би рекол повеќе од само притисок“, изјави Норис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

