Норис победник во Австрија, катастрофа за Ферстапен

Еден-два победа на Мекларен на трката за ГН на Австрија денеска возена на „Ред Бул Ринг“ во Шпилберг. Најбрз на патеката беше Ландо Норис кој успеа да победи, и покрај тоа што малку недостасуваше да не ја заврши трката, откако на крајот беше оштетен неговиот болид, но успеа да ја задржи предноста пред својот клупски колега, Оскар Пјастри.

На подиумот заврши и Шарл Леклер од Ферари, додека зад него беа Луис Хамилтон, потоа Расел, Лосон, Алонсо, Бортолето, Хулкенберг и Окон.

Почетокот на трката доцнеше 15 минути поради проблеми со болидот на Карлос Сајнц, кој на крајот и се запали. Драматичен беше стартот, и лош за Макс Ферстапен, кој на третата кривина имаше судар со Кими Антонели, и мораше да ја заврши трката.

По неколку круга и безбедносно возило на патеката, трката продолжи, а возачите на Мекларен беа во водство од првата кривина.

Во воведната фаза се виде голема борба, Пјастри постојано го напаѓаше Норис, но по мало клинчирање и првата промена на гумите, Британецот се одвои на водечката позиција.

Австралијанецот не се откажа, па на крајот од трката ја стопи предноста на својот клупски колега и му дојде со помалку од две секунди заостанување.

Пјастри немаше време сериозно да го нападне Норис, кој ги одби нападите и ја зачува победата на Ред Бул Ринг.

Се вчитува...