Норвешката фудбалска репрезентација ќе игра во следните два квалификациски натпревари за Светското првенство, против Турција и Црна Гора, без својата најголема ѕвезда, напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд поради повреда на мускулот.
Халанд исто така ги пропушти последните три натпревари за клубот, но се очекуваше дека ќе биде подготвен за репрезентацијата.
„За жал, заздравувањето оди премногу бавно, и постои ризик од компликации доколку Ерлинг прерано се врати на терените“, изјави докторката на репрезентацијата на Норвешка, Ола Санд.
По шест кола во групата Г, Норвешка го дели првото место со Холандија со 13 бодови, третопласираната Турција има 11, а четвртопласираната Црна Гора осум бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА