Норвешката ракометна репрезентација ќе биде ослабена за едно големо име на престојното Светско првенство откако репрезентативниот повик го одби искусниот Александар Блонц, најдобриот стрелец на Норвежаните на последните две големи првенства.
Причината е повреда на коленото и други потешки околности поради која стрелецот на 29 голови на Олимписките игри и 37 голови на последното Европско првенство, овој пат нема да настапи во репрезентативниот дрес.
„Нема да можам да играм на Светското првенство, тоа е јасно. Жал ми е, но се случија разни работи“, изјави Блонц кој не сакаше да ја откри конкретната причина за одлуката, најавувајќи дека во иднина сака да остане дел од најголемите собири.
„Сакам да бидам дел од репрезентацијата во иднина, но овој пат тоа нема да биде случајот“, изјави Блонц.
Неговото место во репрезентацијата го замени Аугуст Педерсен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА