Норвежаните стигнаа до златниот медал во штафетата во нордиска комбинација на Зимските олимписки игри во Пекинг 2022 година. Штафетата во состав Бјорнстад, Андерсен, Офтебро и Грабак до победата стигнаа со вкупно време од 50:45.1 минути.
Сребрениот медал во фотофиниш и припадна на штафетата на Германија во состав Мануел Фајст, Јулијан Шмид, Ерик Френцел и Винценц Гајгер кој е најголем виновник за второто место на штафетата, бидејќи беше феноменален во последната измена.
Со бронзениот медал се закитија Јапонците во состав Јошито и Акито Ватабе, Хидеаки Нагаи и Риота Јамамото. Од фаворитите на крајот Австрија остана без медал завршувајќи на четвртата позиција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА