ЕКИПА на ЕП во Хрватска,
Билјана Б. Петрушева, Стеван Цаневски, Игор Паневски
Втората фаза од ЕП 2018 во Хрватска стартуваше вечерва со дуелот во загрепска „Арена“ меѓу Норвешка и Србија, што светските вицешампиони го добија со убедливи 32-27. Во ситуација кога моментно се третопласирани во групата 1, Норвежаните се свесни дека мора да стигнат до максимален ефект во оваа рунда за да имаа шанси за полуфинале.
Првата пречка, која воедно е и најлесна за нив од трите во Загреб, беше мината благододарение на одличното второ полувреме во кога норвешките ракометари го растурија нашиот северен сосед. На одмор се замина со израмнети 17-17, во вториот дел Србија поведе со 18-17, но следеше серија од 5-1 на Норвешка со која скандинавската селекција резултатски се одлепи, па до крајот ја зголеми предноста се до конечните пет гола разлика (32-27).
Сагосен и Бјорнсен со по осум постигнати погодоци беа најефикасни во редовите на Норвешка, додека Шешум и Бељански со по пет гола беа први стрелци на Србија при денешниот пораз.
Во вториот денешен натпревар од оваа група ќе се сретнат Хрватска и Белорусија, додека слободни се првопласираните од групите А и Б, селекциите на Шведска и на Франција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА