Штафетите на Германија во женска и Норвешка во машка конкуренција стигнаа до златните медали на спринтот во крос-кантри на Зимските олимписки игри во Пекинг 2022 година.
Во машка конкуренција до златото стигнаа првите фаворити, Норвежаните. Ерик Валнес и Јоханес Хосфлот Клебо до златото стигнаа со вкупно време од 19:22.9 минути, што беше за 2.5 секунди подобро од сребрените Финци (Иво Нисканен и Јони Маки). Со бронзениот медал се закити руската штафета во состав Александер Болшунов и Александер Терењтев со заостанување од 4.29 секунди зад победниците.
Кај дамите сензационално до златниот медал стигнаа Германките. Тандемот Катарина Хенинг и Викторија Карл до златото стигна со време од 22:09.85 минути. Првите фаворитки и освојувачки на злато и сребро во индивидуалниот спринт Маја Далквист и Јона Сундлинг на крај мораа да се задоволат само со второто место доцнејќи 17 стотинки зад времето на победничката. Бронзата им припадна на Русинките, Јулија Ступак и Наталија Непријаева кои доцнеа 71 стотинка зад златните Германки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА