Ракометната репрезентација на Норвешка конечно славеше во еден озбилен натпревар на Европското првенство во Германија откако вечерва во меч од 2. коло од главната група 2 беше подобра од Холандија со 35-32.
Холанѓаните беа далеку подобар противник во првото полувреме и повеќе од заслужено на пауза заминаа со позитива од два гола 16-18. Сепак, Норвежаните во вториот дел конечно покажаа зошто важат за една од најсилните селекции во светот. Тие заиграа на високо ниво и на крајот успеаја да направат целосен пресврт и да слават со 35-32. Maгнус Гулеруд со седум гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Тен Велде постигна осум.
Претходно денеска во првиот меч од денешната програма Португалија славеше над Словенија со 33-30, а вечерва колото се затвора со мега дуелот меѓу Данска и Шведска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА