Норвешка рутински го доби вчерашниот натпревар со Алжир останувајќи во игра за пласман во четвртфиналето од СП, но Сагосен и соиграчите немаат контрола над сопствената судбина бидејќи можат да станат „жртви“ на договор меѓу ФРанција и Португалија.
Конкретно, доколку Португалија слави над Франција во последното коло, а Норвешка го добие својот последен меч, овие три селекции ќе имаат идентичен број на бодови. Проблем за Норвешка претставува фактот дека во првото коло скандинавската селекција загуби од Франција со четири гола негатива, а потоа ја совлада Португалија само со „плус еден“.
Ова практично значи дека доколку Португалија ја совлада Франција со разлика меѓу еден и шест гола, овие две селекции ќе се пласираат во четвртфиналето, а Норвешка ќе биде елиминирана.
Дали ќе дојде до „дил“, ќе дознаеме утре, но тешко е да се поверува дека „триколорите“ ќе пропуштат шанса на ваков начин да елиминираат директен ривал во борбата за медал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА